Вие спиете, а килограмите се намалуваат.. Идеално, зар не?

By on November 25, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Чудно, но вистинито. Ви претставуваме 4 начини кои помагаат да ги намалите килограмите додека спиете.

Вие спиете, а килограмите се намалуваат.. Идеално, зар не?

Доцен тренинг

Заборавете ги утринските тренинзи во теретана. Најдобро време за вежбање е после работа. Од работа, веднаш во теретана и вашиот метаболизам може да се забрза за 15 часа, според списанието International Journal of Sport Nutrition. А не е лошо да вежбате и навечер пред спиење. Доцниот тренинг ќе го забрза согорувањето на мастите додека спиете и ќе ви обезбди цврст сон.

Ладен туш

Ладниот туш не само што ги ослободува млечните киселини после вежбање туку и според едно истражување за списанието PloS ONE, 30 секунди ладна вода го активираат вашето тело и го забрзуваат согорувањето на мастите. Кога телото ќе се активира може да согори дополнителни 400 калории додека спиете.

Зелен чај

Флавоноидите кои ги содржи зелениот чај го забрзуваат вашиот метаболизам, па ако денес сте испиле 3 чаши, ќе согорите 3,5% повеќе калории во текот на ноќта додека спиете, а оваа информација е според истражувања за списанието American Journal of Clinical Nutrition. И не грижете се за кофеинот во зелениот чај, тој ќе ви помогне полесно да заспиете.

Сон

Истражување, објавено во Annals of Internal Medicine, открива дека пропуштен сон од 16 минути на ден е причина за здебелување. Со зголемувањето на сонот се намалува грелинот, ензим кој го стимулира апетитот, а се покачува лептинот, кој помага да го контролирате апетитот.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone