ВИДЕО: Јапонија постави во орбитата сателит за следење на природни катастрофи

By on May 26, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Јапонската ракета H-2A во саботата го лансира во орбитата сателитот Alos-2 за следење на природни катастрофи. Станува збор за нов успех на јапонската воздушна индустрија, кои дополнително ќе ги зголемат воздушните амбиции на Јапонија.

ВИДЕО: Јапонија постави во орбитата сателит за следење на природни катастрофи

Ракетата е лансирана од базата Tanegashima во јужниот дел на земјата. „Сателитот се одвои како што беше предвидено“ – изјавил петнаесет минути подоцна официјален претставник на Агенцијата за јапонско вселенско истражување (JAXA).
„Мисијата успеа“, додаде тој.

Сателитот Alos-2 би требало да кружи околу земјата на висина од 628 километри.

Alos-2 би требало да го замени сателитот од истиот тип – Alos, кој е лансиран пред осум години а мисијата ја заврши во мај 2011 година, два месеци после страшниот земјотрес кој беше проследен со гигантско цунами и кој што го уништи североистокот од Јапонија.

Со следењето на катастрофите, Alos-2 ќе овозможи следење на шумите и култивираните полиња, обновата на инфраструктурата и терените.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone