Украле БМВ, го размонтирале и го товариле во комбе

By on May 13, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Унгарската полицијата на границата со Романија откри БМВ X6, кое било украдено во Италија. И тоа не би било изненадувачки или интересно за да се објави ако целото БМВ не беше во багажникот на комбе. Џипот е целосно расклопен на парчиња и „спакуван“ во комбето.

Украле БМВ, го размонтирале и го товариле во комбе

Автомобилите кои се украдени во Европа тешко е да се пронајдат, бидејќи организираните криминални групи веднаш ги расклопуваат и ги транспортираат далеку од каде што исчезнале. Така да можно е украдените возила веќе да бидат и во некоја друга земја, пред сопственикот, дури и да забележи и да го пријави за кражба во полиција.

Украле БМВ, го размонтирале и го товариле во комбе

Во времето кога Унгарската полиција го откри оваа БМВ X6, тоа веќе беше во базата на податоци за украдени возила, така што многу брзо го идентификуваа. Со тоа што Шенген зоната завршува на унгарско-романската граница, украдениот X6 е донесен преку Италија, Австрија и Унгарија без никакви проблеми.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone