Три мобилни апликации со кои може да заработувате пари

By on February 9, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Тешко дека има човек кој би одбил да заработува малку пари со минимална работа. На тоа се потпираат и мноштво апликации за Android и iOS, кои го привлекуваат вниманието на корисниците со ветувања за брзи и лесни пари. За жал, повеќето од нив се измама.

Три мобилни апликации со кои може да заработувате пари

Но има и некои кои всушност се сосема реални. Се разбира, од нив тешко може да се извадат многу пари, но по некој долар или ваучер за различни набавки е целосно остварливо. Онлајн изданието CNET направи краток список на неколку апликации, од кои нивните корисници навистина може да заработат малку пари.

Една од нив е Rewardable. Таа се нуди бесплатно за iOS и Android. Таа му дава на корисникот конкретни задачи кои тој треба да ги исполни. Пример да пополните онлајн анкета. Американските потрошувачи ќе имаат можност дури да посетуваат продавници, да пробуваат различни услуги или да прават фотографии и потоа да ги пренесат своите критики. Наградите се движат помеѓу 2 и 20 долари.

Друга апликација е iPoll, кој исто така е бесплатен за Android и iOS. Тaа нуди широк спектар на анкети и други задачи. Некои од нив повторно бараат тестирање на производ или посетување на продавница. Други, пак се далеку поедноставни и се поврзани со посетување на сајт, гледање видео клип и друго. Плаќањата се пониски, кои може да бидат неколку центи, но може да стигнат и до неколку долари. Кога корисникот собере барем 10 долари на неговиот профил, може да ги повлече парите.

Google Opinion Rewards е достапна само за Android, што не е изненадување, со оглед на креаторот на апликацијата. Таа исто така нуди најмногу различни онлајн анкети. Разликата е дека не дава вистински пари, туку Google Play кредити. Тие можат да бидат искористени за било што во виртуелната продавница на Google, што значи дека практично бесплатно може да си купувате платени апликации за Android.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone