Стресот на работното место

By on February 10, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

На сите им се случува. Стресот во принцип е еден од главните проблеми на современиот човек, а работниот стрес е најчестиот вид.

Стресот на работното место

Стресот се дефинира како физички, хемиски или емоционален фактор кој доведува до напнатост на телото и умот и може да е причина за развој на некаква болна состојба.

Ако стресот е предизвикан од нешто на работното место – деспотски шеф, тешко работно време, колешка која постојано те напаѓа а за која немаш никакви намери, – треба да се најде причината и да се отстрани. Колку побрзо ќе се случи тоа, толку подобро бидејќи стресот не е нешто што треба да го имаме.

Кои се знаците?

Тие можат да бидат различни но сепак овие се најчестите:

  • Фрустрации на работата
  • Проблеми со спиењето
  • Чести испади
  • Стомачни проблеми
  • Главоболка
  • Нарушени или намалени контакти со семејството и пријателите
  • Недостаток на дух, на позитивен став кон животот
  • Чкртање со заби
  • Зголемена употреба на алкохол и други опијати

Кои се причините?

Тие исто така се различни. Можеби најчестите се премногу тешко и долго работно време, голем обем на работа, хроничен умор, недостаток или многу ретки паузи.

Ако тоа е проблемот, погрижи се да одиш полека. Ако проверките се резултат на преголема трудољубивост и перфекционизам, застани со оваа пракса. Почни да си одиш навреме од работа, во секоја прилика земај одмор и не носи ја работата дома, освен ако тоа не е задолжително. Труди да се одмараш квалитетно за да имаш сили за следниот работен ден.

Друга причина се постојаните конфликти со шефовите или колегите. Тука работите многу зависат од конкретниот случај. Но има едно општо правило – не дозволувај овие работи да ти влијаат. Не се карај со луѓето, но не им дозволувај да ти предизвикуваат непријатни емоции и стрес. Ако е можно, едноставно не мисли за непријатните личности и ограничи ги контактите со нив до чисто професионални теми и задачи.

Уште една можна причина е незадоволството од работата, чувството дека твоето место не е тука или дури не е во овој град.

Ако си во таква ситуација, можеби е време за промена. Изборот кој го правиме денес, не секогаш е правилен за иднината. Затоа, ако во еден момент сватиш дека не си ја избрал професијата која најмногу ти се допаѓа, никогаш не е доцна да ја смениш. Секоја промена е ризична и застрашувачка во почетокот, но ако си разбрал што навистина сакаш, нема поубаво нешто од тоа да се потрудиш и да го постигнеш. Се разбира, немој да ги гориш мостовите зад себе и задржи ги контактите и добрите релации со луѓето од претходното место – никогаш не знаеш кога ќе ти притребаат, а така и сам ќе си посигурен и порелаксиран.

Ако незадоволството не е од градот кај што работиш туку од конкретното работно место, погрижи се да најдеш друго. Каква и да е причината – ниска плата, лош однос, недостаток на можности за унапредување, – најдобрата опција е да најдеш подобра можност.

Игнорирање на стресот

Многу луѓе не го сметаат стресот на работното место за особен проблем и свикнуваат со него. Ова не е добар избор бидејќи стресот станува постојана хронична состојба на напнатост и лошо расположение. Затоа, ако мислиш дека работата ти е стресна, размисли внимателно за причините и погрижи се да најдеш решение. Не потценувај го стресот како проблем на работното место.

И не заборавај дека по секоја добро завршена работа заслужуваш малку одмор. Тоа ќе го зајакне чувството на задоволство и ќе ти помогне да се вратиш на работа следниот ден одморен и подготвен за нови подвизи.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone