Совети за подобро да изгледате во костум

By on October 23, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Имате бизнис состанок на кој треба да носите костум или пак секојдневната работа ви налага носење костум… Прочитајте ги нашите совети за како подобро да изгледате!

Совети за подобро да изгледате во костум

Невозможно е да пораснете 7cm или за десетина минути да ослабнете 5 килограми. Исто така, не можете експресно да се проширите во рамениците, но можете да визуелно да ги зголемите. Томи Фарнер, експерт за мода од онлајн-шопинг компанијата Piperlime открива неколку модни тајни кои ќе ви помогнат преку ноќ да го промените својот личен опис и да изгледате како да носите костум од милион долари.

Проширете ги тесните раменици

Ако сте далеку од посакуваната ширина на рамениците, стилистите советуваат да носите сако со нагласени раменици кои даваат посилен и остар облик.

Додадете си неколку сантиметри

Мислиме во висина, секако. А еве како ова да го изведете: поентата е да направите права линија од рамениците до врвот на ножните прсти. Лесно решение за ова се вертикалните „гангстерски“ пруги кои се многу забавна опција ако сакате да изгледате повисоки и послаби.

Визуелно издолжете ги стапалата

Можеби ви изгледа контрадикторно, но кондури си заоблен врв визуелно ќе ги издолжат вашите стапала, за разлика од шпицестите.

Издолжете ги нозете

Доволно е само вешто да ги избалансирате пропорциите на облеката која ја носите. Широките ногавици од панталоните ќе направат да изгледате како да сте ги позајмиле старите панталони на татко ви. Исто така добар визуелен трик е да ја усогласите бојата на чорапите со бојата на костумот. Тоа дополнително ќе направи вашите нозе да изгледаат подолги.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone