Што брадата и мустаќите кажуваат за вас?

By on September 6, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Велат дека оделото не го прави човекот, но дали истото може да се каже за брадата и мустаќите? Одговорот е – не!

Што брадата и мустаќите кажуваат за вас?

За мажите може многу да се заклучи од изгледот на нивната брада и мустаќи.

Дводневна брада

Ова моментално е најпопуларниот облик на брада бидејќи всушност не е вистинска брада, не го обврзува мажот да се бриче секое утро, а изгледа добро скоро на сечие лице. Но, иако можеби не изгледа така, дури и дводневната брада бара одржување. Она што е карактеристично за мажите со овој облик на брада е дека го следат трендот.

Густа, но одржувана брада

Се додека брадата добро се одржува, изгледа добро на секој тип на маж. Оние кои имаат густа брада ја сметаат за дел од сопствениот идентитет. Густата брада се толкува како знак за машкост, а мажите кои ја носат се полни со потајна самодоверба и не сакаат да се прават важни.

Дива брада

Деновиве дивите и неодржувани бради и мустаќи може да се видат кај студентите и популарните личности. Во прашање е покажување тестостерон на дело, а правилото гласи – колку повеќе, толку подобро. Дивата брада е знак за слобода и бунтовност.

Голобради

Трендот со брадата и мустаќите се менува отприлика на секои 20 години така да се очекува потполно избричаното лице наскоро да се врати во мода. Мажите со голобрадо лице се личности кои не сакаат да се издвојуваат и сакаат класичен изглед.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone