Се продава Ролс-Ројсот на Енди Ворхол

By on June 1, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Енди Ворхол е уметник кој е признат како пионер на поп-арт културата и голем фан на гламурозни модели на автомобили. Еден негов Ролс-Ројс неодамна беше пронајден на аукција.

Се продава Ролс-Ројсот на Енди Ворхол

Ролс-Ројсот во која познатиот Енди Ворхол сакал да биде виден и носен на разни „настани“ неодамна се најден на аукција на вебсајтот eBay. Тоа е модел на „Silver Shadow“ од 1974 година. Кој по смртта на уметникот во 1987 година е продаден за сума од 56.000 евра.

Овој автомобил има V8 мотор со капацитет од 6,75 литри и три-степен менувач. Во внатрешноста на автомобилот, седиштата се тапацирани со кожа, а има и радио плеер. Што се однесува до екстериерот „Silver Shadow“ е покриен со боја во два тона. 40 годишниот сопственик тврди дека автомобилот има поминато 96.000 километри.

Ворхол е познат како еден од ретките членови на тимот што го дизајнираше легендарниот БМВ М1 модел од 1979 година. Овој американски ексцентрик никогаш не поседувал возачка дозвола, така што никогаш не можел да вози некој од неговите автомобили. Неговата најскапа слика е продадена за 77 милиони евра. Останува да видиме која ќе биде цената што ќе ја достигне овој Ролс-Ројс на аукцијата. Досега највисока понуда е 89.000 евра.

Се продава Ролс-Ројсот на Енди Ворхол

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone