Разочарувачки квартал за Oracle

By on June 24, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Oracle во минатиот квартал има направено промет од 11,3 милијарди долари со профит од $ 3,6 милијарди долари.

Разочарувачки квартал за Oracle

Oracle ги објави резултатите од работењето во својот четврт фискален квартал, што ги разочара инвеститорите кои очекуваа поголем напредок во продажбата на Интернет-базирани услуги.

Поточно, приходите на Oracle, од интернет-базирани услуги останаа под 5% од вкупниот приход, додека во исто време конкуренцијата, како што се Salesforce.com и Workday, заземаат се поголем дел од пазарот.

Вкупните приходи на компанијата во последниот квартал се зголеми за 3% на 11,3 милијарди долари, но аналитичарите во просек очекуваат раст на приходите на 11,4 милијарди долари. Во исто време нето добивката падна 4% односно $ 3,6 милијарди долари.

За тековниот квартал Oracle очекува раст на приходите од 6-8%.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone