Рамос сака да остане во Реал до крајот на неговата кариера

By on May 26, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Серхио Рамос изјави дека не сака да го напушти Реал Мадрид, a медиумите во Шпанија го најавија потпишувањето на неговиот нов договор со Кралскиот клуб.

Рамос сака да остане во Реал до крајот на неговата кариера

Рамос постигна изедначувачки гол во Лигата на Шампионите во финалето во саботата против градскиот ривал Атлетико, во третата минута од продолжението, со што обезбеди на својата екипа продолжение во кое славеа со 4:1.

- Имам привилегија да бидам дел од најдобриот тим во светот – рече бранителот.

- Се надевам дека тука ќе бидам уште долго време и тука ќе ставам крај на својата кариера. Уште од првиот ден ја чувствувам наклонетоста од навивачите и секогаш ќе им бидам благодарен за тоа. Ми се оствари сонот – додаде тој.

Медиумите пренесуват дека летото Реал би можеле да започнат преговори со претставниците на Рамос. Рамос во моментов заработува околу шест милиони годишно а платата може да му се зголеми до девет милиони евра, со што ќе стане трети највиско платен играч во клубот, по Герет Бејл (10 милиони ) и Кристијано Роналдо (17 милиони евра).

Рамос последен пат го продолжи договорот во 2011 кога тој потпиша до 2017 година.

- Голот во Лисабон е најважното нешто во мојот живот. Кога видов дека топката оди во мрежата осетив неверојатно чувство кое не може да се опише со зборови. – рече шпанскиот репрезентативец.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone