Проблеми со потенцијата? Можеби е виновна вашата мајка!

By on January 3, 2015
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Истражувањата укажуваат на поврзаност помеѓу мајките и потенцијата.

Проблеми со потенцијата? Можеби е виновна вашата мајка!

Истражување, спроведено во Прага, во кое учествувале 960 мажи, покажува дека лошиот однос со мајките во раното детство може да има трајни последици врз машката потенција.

Испитаниците во текот на истражувањето биле испрашувани во врска со природата и квалитетот на нивниот однос со мајките за време на детството, а истражувачите пробале да утврдат и дали испитаниците имаат сексуална дисфункција, како што е прерана ејакулација или импотенција.

Истражувањето покажало дека постои поврзаност помеѓу сексуалната дисфункција и лошиот однос со мајката во детството, како и во тинејџерските денови при првата љубов.

Исто така, кај мажите, кои изјавиле дека никогаш се немаат заљубено, откриени се повеќе сексуални дисфункции и утврдено е дека просечното времетраење на сексуалниот однос е помалку од една минута.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone