Ова е најскапиот Мекларен Ф1

By on May 9, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Реток класичен супер автомобил како што е Мекларен Ф1, со годините само добива на вредност. Премерок кој некогаш припаѓал на Формула 1 возачот Мајкл Андрети, беше продаден на аукција за 7,5 милиони долари.

Ова е најскапиот Мекларен Ф1

Мекларен Ф1 престана да се произведува во 1998 година, а произведени се само 106 копии. Од сите автомобили кои се произведени само 64 од нив биле наменети за возење на јавните патишта.

Ова е најскапиот Мекларен Ф1

А уште поретки се примероците во црвена боја – постојат само две, од кои едната неодамна се продаде на аукција на анонимен британски колекционер кој издвои за него 6.2 милиони фунти (7.5 милиони евра).

Ова е најскапиот Мекларен Ф1

Ова е најголема цена по која е продаден еден Мекларен Ф1.

Автомобилот има интересна историја. Станува збор за примерок кој од Мекларен тогаш е доделен на возачот на Мекларен во Формула 1 тимот, американецот Мајкл Андрети.

Ова е најскапиот Мекларен Ф1

Андрети после само една година го продаде на јапонски колекционер, со оглед дека автомобилот не може да се вози законски на американските патишта. Во меѓувреме овој Мекларен смени неколку сопственици за да на крајот се врати во Велика Британија.

Ова е најскапиот Мекларен Ф1

Мекларен Ф1 беше произведуван од 1992 година до 1998 година. Автомобилот е придвижуван од 6,1 литарски V12 мотор со 636 КС, благодарение на кои до стотка постигнува за само 3,2 секунди.

Ова е најскапиот Мекларен Ф1

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone