Неизбежно е криптовалутите да станат алтернатива на традиционалните

By on June 1, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Големиот интерес за криптовалутите е целосно оправдан. Неизбежно е тие да се наметнат како рамноправна алтернатива на традиционалните валути.

Неизбежно е криптовалутите да станат алтернатива на традиционалните

Банките ќе бидат принудени да прифатат Bitcoin или некоја друга криптовалута. Меѓу предностите на Bitcoin според него е можноста на виртуелната валута да ги чува личните информации на корисникот.

Bitcoin е поредок отколку златото. Има 13,5 милиони виртуелни монети во циркулација, а останатите 21 милион ќе се генерираат во следните неколку децении. Причината е процесот на создавање на Bitcoin (познат како „копање“), ќе станува се посложен. Ова, за возврат ќе ја задржи вредноста на валутата и ќе ја заштити од девалвација.

Лекторите коментираат за високите и нестабилни цени на Bitcoin во моментов. Луѓето се уште не знаат добро да работат со Bitcoin и не знаат каква вредност може да „издржи“ една дигитална валута. Корисниците сеуште не се сигурни што ќе се случи, што доведува до нагли промени во вредноста. Се смета дека постепено се повеќе луѓе ќе се престрашат и ќе започнат да користат Bitcoin или некоја друга криптовалута, бидејќи интересот е многу голем.

Сепак поддржувачите на криптовалутите споделуваат дека не е сè е совршено. Во Bitcoin има најразлични учесници, кои сепак не можат да ги искористат целосно можностите на технологијата, бидејќи таа е комплексна. Особено процесот на „копање“, кој бара специфичен хардвер, за да може да се генерира доволно Bitcoin, за да има смисла од процесот.

Напорите сепак заслужуваат. Мислењето е дека на Bitcoin како технологија може да и се има доверба особено на системот Blockchain. Тоа е популарно виртуелено портфолио за Bitcoin, кој има и јавно достапни информации за трансакциите, статистики и други податоци за состојбата на криптовалутата. Тоа дава јасна идеја што се случува со неа и ја прави повеќе предвидлива и сигурна, сметаат обожавателите на Bitcoin.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone