На кој начин да се решите од долговите?

By on March 20, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Долгови на сите страни, плаќање рати, минуси на тековната сметка, кредитни картички, кредит за автомобил, стан… Секој ќе се согласи дека задолженоста на поеднците и семејствата денес е поголема од било кога порано. Се поставува прашањето што можете да направите за брзо да ја подобрите вашата ситуација?

На кој начин да се решите од долговите?

Постојат повеке можности, но морате да бидете одлучни и да имате волја, ништо не се случува преку ноќ, но упорноста решава се.

Тргнете од малите сметки и долгови кон поголемите. Нема смисла веднаш да размислувате за исплата на големите кредити, а должите кирија за изминатиот месец.

Сами направете список на долговите. Седнете на компјутерот и направете листа каде се сте дожни и колку сте должни и колкава камата би платиле за вашите долгови.

Плакајте ги вашите долгови редовно. Следниот месец ќе ви биде уште потешко и редовно ќе имате заостанато по некој долг, а исто така постојат и опомени и затезни камати. Најдобро би било да плаќате навремено и месечно и така ќе знаете уште колку пари ви преостануваат.

Најголеми каматни стапки плаќате најверојатно на кредитните картички и на минусот на тековната сметка. Доколку имате повеќе кредитни картички онаа која има најмала каматна стапка продолжете да ја користите и секако што помалку. Во меѓувреме пробајте да ги откажете останатите картички или колку што можете повеќе да ги намалите долговите на картичките. На тој начин ќе имате подобра контрола и увид во вашите долгови. Плаќајте ги достасаните рати на картичките и кредитите редовно. Повеќето од институциите ги наплакаат трошоците за опомени и пресметките на затезните камати за секое каснење.

Намалете и бележете ја вашата потрошувачка. Следните 30 дена внимавајте и запишете на што се трошите пари, за секоја ситница. Најдобро би било за вас да ги чувате сите сметки од месецот за на крајот да знаете на што и колку сте потрошиле. Категоризацијата на трошоците исто така би ви помогнала да видите колку стварно трошите на определени работи.

Сите поголеми сметки кои ги плаќате месечно прегледајте ги уште еднаш (сметки за мобилен, интернет претплата, ТВ претплата…). Постои ли можност да ги намалите трошоцитe? Дали можете да ја намалите претплатата за мобилен или пробајте да искористите некоја друга услуга од провајдерот како би го намалиле износот.

Почнете месечно да одделувате износ за годишните трошоци. Наместо да бидете во минус за годишниот одмор подобро би било за вас да заштедите предвреме. Истото применете го и со регистрацијата на вашиот автомобил. Тоа се износи кои морате да ги платите, но доколку ги платите во готово нема да имате додатни трошоци за истите, туку постои и можност да добиете и одреден попуст за готовинско плаќање.

Не морате да ги затварате сите кредити, но пробајте да ги сведете на минимум. Ако имате кредит за вашиот стан, секако не можете веднаш да го исплатите, но пробајте да ги плаќате редовно ратите, а од време на време и да одвоите резервни средства за некоја наредна рата.

Долговите ве водат кон тоа да мислите дека без нов долг неможете да го затворите стариот. Во одреден момент морате да ставите линија и да започнете да ги затварате долговите. Што порано, толку подобро.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone