Мундијалот и броевите

By on June 11, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Сите со нетрпение го очекуваме почетокот на Мундијалот во Бразил. Затоа пред самиот старт да погледнеме некои статистички податоци за овој турнир.

Мундијалот и броевите

1. 236 играчи кои ќе учествуваат во Светското првенство во Бразил досега барем еднаш учествувале на изминатите Светски првенства. Шпанија се истакнува со 16 ветерани, Уругвај 15, а Камерун 13.

2. Русија е единствената репрезентација во која сите играчи настапуваат во домашната лига. А од англиската репрезентација дури 95,4% играат во Премиер Лигата.

3. За времетраење на Мундијалот, Фабио Капело ќе наполни 68 години. Тој е најстариот селектор на овој турнир. Веднаш после него е Оскар Табарес, кој е една година помлад, а трет е Рој Хоџсон кој има 66 години.

4. За време на Мундијалот дури 58 фудбалери ќе го прослават својот роденден. Легенадарниот Лео Меси ќе го прослави својот роденден на 24 јуни и ќе наполни 27 години.

5. Во Мундијалот ќе учествуваат фудбалери од 54 различни лиги. Најмногу се од Премиер Лигата, дури 114 фудбалери.

6. Најстариот учесник на Светското првенство во Бразил е голманот Фарид Мондрагон. Тој има 43 години. Тој бил во составот на Колумбија во 1994 година, кога некои од денешните играчи не биле ни родени. Ако игра ќе ја добие титулата најстар учесник, која досега му припаѓаше на Роже Мила, кој на 42 години постигна гол. Најмлад учесник е 18-годишниот Фабрис Олинга од Камерун.

7. Просечната старост на фудбалерите од Аргентина е 26 години, што е најмногу на овој турнир. Додека Гана може да се пофали со најмладиот тим во Бразил годинава.

8. На Мундијалот ќе учествуваат 20 играчи кои претходно ја имаат освоено светската титула.

9. Ако Мирослав Клосе кој досега има постигнато 14 голови на завршните турнири на Светските првенства успее да даде уште 2 гола, ќе го надмине Роналдо и ќе стане најдобар стрелец на сите времиња.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone