Марадона: Сигурен сум во победата на Аргентина

By on July 13, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Диего Армандо Марадона е убеден дека неговите сонародници ќе донесат победа за Аргентина.

Марадона: Сигурен сум во победата на Аргентина

Живата легенда на аргентинскиот фудбал, Марадона, е убеден дека Аргентина ќе ја совлада Германија во финалето на Светското првенство во Бразил.

„Фаворитот никогаш не победува. Ние имаме повеќе причини за славење и сигурен сум во победата на Аргентина. Имам неверојатно претчувство за вечерашното финале“ – истакнал Марадона кој сега силно ги бодри своите сонародници од репрезентацијата, иако на самиот стартот на првенството упати доста критики за стилот на нивната игра.

Фудбалскиот стадион „Маракана“ вечерва ќе биде во центарот на вниманието, а легендарниот Аргентинец верува дека „гаучосите“ на бразилското тло ќе стигнат до својата трета титула.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone