Колку треба да трае предиграта за идеален секс?

By on March 6, 2015
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Често помислата на секс толку многу не возбудува што не сакаме да почекаме ни момент и ја прескокнуваме предиграта.

Колку треба да трае предиграта за идеален секс?

Факт е дека понекогаш брзиот секс, на пример утринскиот може да биде одличен и да ја доведе вашата партнерка до врвот, но сепак треба да обрнете внимание и на предиграта.

„Некои луѓе мислат дека единствено самиот сексуален чин е важен, но поискусните во сексот ќе се согласат дека понекогаш предјадењето е поважно од главното јадење“ – објаснува сексологот Сари Локер.

Истражувањата покажуваат дека и на мажите и на жените им се потребни 18 минути предигра за на крајот да доживеат комплетно задоволство.

„Голема возбуда може да почувствувате од бакнување, допири, па и од орален секс кои понекогаш може да бидат посилни, пожешки и многу повозбудливи од самиот сексуален чин. Клучот на секоја предигра е добро да анализирате што сакате и што ве возбудува. Поради тоа, многу е важна комуникацијата меѓу партнерите и споделувањето на скриените желби и фантазии“ – вели Локер.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone