Како да се однесуваме на бизнис вечера

By on February 2, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Вистина е дека огромен дел од однесувањето кое до пред еден век било секојдневие, веќе може само да се види на некои филмови и книги.

Како да се однесуваме на бизнис вечера

Денес мажите не ја допираат ивицата на шеширот кога ќе се сретнат со позната дама на улица (всушност тие дури и не носат шешири), ниту ја соблекуваат ракавицата на десната рака за да се поздрават со дама, ниту пак прашуваат “Може ли да ве бакнам?”

Но и денес има случаи кога определен “код” на комуникација и однесување се користи и дури е задолжителен. Особено важно е однесувањето кога имаш бизнис состанок бидејќи од него можат да зависат многу нешта во твојот живот и кариера. Многу често ти си оној кој има потреба од состанокот, па затоа ти покануваш.

Многу добра идеја е ресторанот во кој ќе поканиш гости, да ти е познат. Ова може да се направи лесно така што ќе го посетиш еден или два пати претходно со близок пријател на пример. Не е лошо келнерите да те знаат, но и ти да запомниш што повеќе за местото – кои се убавите маси, што е менито итн.

Покани ги гостите барем недела однапред. Кажи им каква е целта на средбата и каде ќе се одржи. Важно: треба да избегнеш секаква нејаснотија за тоа кој ќе плати – кажи им дека ти каниш и дека поканетиот ќе е “твој гостин”.

Направи резервација на свое име колку што е можно порано. Ако го познавате ресторанот, побарајте специјална маса, по можност најдобрата. Ако средбата треба да биде кратка или ако гостите се повеќе од шест, подготви го менито однапред. Ако не си бил во овој ресторан, побарај да ти го испратат менито – не би сакал да изгледаш неподготвен.

Важно е да стигнеш порано од договореното време, за да провериш дали е се во ред. Може да ги почекаш гостите на шанкот, или да седнеш на масата а да го помолиш главниот келнер да ги донесе кога ќе дојдат. Ако избереш да ги чекаш на масата, НЕ нарачувај пијалок, НЕ јади ако нешто е веке сервирано и НЕ ја отварај крпата. Кога гостите ќе пристигнат, масата треба да е таква каква што била пред ти да дојдеш. Ако гостите задоцнат многу, прифатливо е да почекаш половина час пред да нарачаш или пред да одлучиш да си заминеш.

Како домаќин, ти одредуваш кој каде ќе седне. Најважниот гостин треба да седне на најубавото место. А тоа е обично она што гледа кон ресторанот, освен ако ресторанот не е прочуен со убавиот поглед надвор – во таков случај најдобро е местото што гледа надвор. Ако разгледувате документи, важно е резервираш доволно голема маса. Ако си поканил само еден човек, седни од десната страна. Ако седнете еден спроти друг тоа изгледа како знак на непријателство.

Ти си домаќинот, па затоа ти треба да дадеш сигнал дека може да се почне со јадењето, така што ќе ја поставиш крпата во скутот. Потоа прашај ги гостите што би сакале да се напијат. Ако тие нарачаат за пиење, ти треба да го направиш истото дури и да не ти се пие. Не е задолжително да си нарачаш алкохолен пијалок.

Порачај едно до две главни јадења, со тоа ќе покажеш колку си спремен да платиш за нив. Ако нема однапред подготвено мени остави гостите да нарачаат први. Ако тие нарачаат салата, и ти мора да нарачаш за да не јадат сами. Твоја задача е да се увериш дека храната е послужена на гостите таква каква што си ја нарачале. Ако има проблем со неа, ти треба да го решиш. Ако јадењето е студено или лошо приготвено, врати го. Ако си незадоволен од услугата, извини се на гостите и дискутирај со келнерот или управителот на некое растојание од масата.

Не го почнувај деловниот разговор пред сите да нарачаат и пред да ви донесат предјадење. Ако имаш гостин кој не е од градот треба да го поканиш со неговата сопруга. Ако тој каже дека ќе ја доведе треба да обезбедиш жена која ќе прави друштво на неговата сопруга додека тече бизнис разговорот.

Исклучи го телефонот штом седнеш, да зборуваш на мобилен за време на вечерата е некултурно. Ако треба да станеш за време на вечерата, остави ја крпата на столот, не на масата.

Сметката. Ако поканиш бизнис партнер на ручек, ти плаќаш. Ако тој те покани но ти имаш корист од разговорот, повторно ти плаќаш. Не биди суетен кога плаќаш. Постојат неколку начини да го направиш тоа на фин начин. Едната опција е да дадеш кредитна картичка на келнерот однапред кажувајќи му да го стави на сметката соодветниот бакшиш (во светот е прифатливо да биде 18-20%, но кај нас најчесто запираме на 10%). Конечно ќе мора само да ја потпишеш сметката која келнерот ќе ја донесе. Втората опција е да се извиниш кога ќе видиш дека вечерата е при крај и да одиш да ја платиш сметката сам. Ако ја донесат сметката на масата, погледни ја и без да коментираш, плати.

За да покажеш дека средбата е завршена, стави ја крпата лево до чинијата, без да ја валкаш или виткаш.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone