Како да го организирате вашето време?

By on March 13, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Стануваш рано наутро и почнуваш да се приготвуваш за работа. Веќе си во колата, кога ти ѕвонат од работа за да те потсетат да земеш некој документ. Ти си го заборавил, се враќаш назад, се нервираш бидејќи доцниш на работа. Тогаш некој друг ти ѕвони за да те потсети дека вечер си на роденден и треба да изберете подарок. Дури сега се сеќаваш за роденденот. А како ќе одиш на роденден кога утре имаш презентација која не е подготвена, а покрај тоа…

Како да го организирате вашето време

И ете така се појавува непотребен стрес. Барем дел од овој непотребен товар може да се избегне со нешто едноставно и многу важно – организација на твоето време.

Не, всушност не е толку едноставно. Не за друго, туку затоа што денот има 24 часа, а ти понекогаш имаш планови за 40.

Што ти треба за да почнеш да го организираш своето време? Задолжително треба да имаш визуелна претстава за него. Тоа значи календар, организер или нешто слично каде може да ги следиш датумите и да си ги запишуваш обврските. Секој современ млад човек кој се занимава со многу работи понекогаш заборава некои од нив, или се присетува премногу доцна. Запишувањето на секоја средба, последните рокови, родендените, или продолжување на осигурувањето, возачката дозвола итн. е првиот чекор во вистинската насока.

Не е срамно да си ги запишуваш задачите или да ги планираш деновите со запишување. Напротив, покажува ниво на организација која ти дава можност да вметнеш во планот сè што е потребно.

Многу работа, малку време! Оваа ситуација важи за многу луѓе. Ако сакаш да постигнеш нешто во животот а презимето не ти е Хилтон, ќе треба да работиш многу. Ова автоматски значи многу работа а малку време и затоа организацијата на времето е толку важно.

Принципот на Парето би можел да ти помогне да ја разбереш врската помеѓу времето, напорот и работата. Вилфред Парето е италијански економист по кого е именуван принципот, познато уште како „Правилото 80-20“. Тоа вели дека во многу случаи 80% од ефектите доаѓаат од 20% од напорот.

Ова важи и за личните напори. Тие не се исти. Некои работи ги вршиш со леснотија, пријатно ти е, не ги чувствуваш како напор. Други ги вршиш полека и мачно а резултатите никогаш не изгледаат задоволителни. Како ти помага овој факт? Ако разбереш кои твои напори даваат најголем резултат, можеш да сконцентрираш повеќе време и енергија токму во нив и така да имаш подобри резултати. Ако работното место ти нуди избор на задачи, избери ги оние во кои си најдобар. Ако учиш за испит и знаеш дека најдобро научуваш кога си водиш белешки, а не само со читање, нема смисла да го губиш времето само во читање. Затоа што времето е скапоцено.

Со други зборови, секогаш имај на ум каков резултат сакаш да постигнеш и распредели ги напорот и времето така што да го постигнеш тоа со најмал трошок и на двете.

Немам време за спорт, хоби, пријатели и одмор! Ова е голем проблем за многу луѓе. Потонувајќи во градењето кариера и образование, често немаме време за подеднакво важни работи како здрав живот, движење, спорт, излегувања со пријателите и др. И често се правдаме со недостаток на време кое навистина е очигледно.

Вистината сепак е дека со соодветна организација може да се оддели време и за овие работи. Ако ова ти е тешко, погледни на нив како на исто толку важен дел од твојот живот, како што се работата или учењето. Што ако си добар во твојата работа ако си осамен, без време за пријателите, водиш нездрав живот и не си ја сакаш фигурата, постојано си изморен и недоспиен? За да живее подобро човекот има потреба и од време за себе, во кое може да се грижи за својот изглед, умствен одмор и контактите со блиските. Можеш да го искористиш организерот и за овој тип активности, запишувај ги во истиот план каде што се работните обврски.

Сето ова покажува колку е важно да можеш да си го организираш личното време. Оваа задача може не е многу лесна, но резултатот од неа вреди.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone