Филмот The Interview сепак ќе се прикажува

By on December 25, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Филмот The Interview на Sony Pictures од денеска е целосно објавен на некои веб-сајтови, а од утре ќе се прикажува и во кината.

Филмот The Interview сепак ќе се прикажува

Се работи за акциона комедија во која што двајца новинари (Seth Rogen и James Franco) успеваат да договорат интервју со Ким Јонг-ун, лидерот на Северна Кореа. Поради исклучителната можност да се сретнат во живо со големиот лидер, CIA им дава задача да го убијат и да го спасат светот од него.

Откако филмот за прв пат беше претставен на јавноста, се случи веќе добро познатото хакирање и закани за објавување на лични податоци за вработените во компанијата Sony. По направената истрага, FBI констатира дека зад хакерските напади стои Северна Кореа. И покрај ова, заканите продолжија па Sony реши да ги повлече претставите, односно да не ги приморува на кино компаниите да се држат до договорот.

Но, очигледно е дека Sony често се предомислуваат, па така, денес филмот стана достапен за гледање за само 6 долари на Google Play, Youtube Movies, Xbox Video и Sony.

Од утре ќе се емитува и во 300 сали низ целата територија на САД.

Погледнете го трејлерот…

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone