Еве колку спијат некои од најуспешните луѓе на светот

By on March 11, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Денот има само 24 часа, и тоа е нешто што ни најбогатите бизнисмени не можат да го променат. Иако денот не може да има повеќе часпво, од онолку колку што има, може да се промени начинот на кој се искористуват тие часови.

Еве колку спијат некои од најуспешните луѓе на светот

Некои од најуспешните луѓе на светот не само што работат во рамките на работното време, работат и дополнително така што спијат помалку, пишува Business Insider.

Додека на едни не им треба многу сон, други со тешкотија се будат и заради тоа се принудени да легнат рано за да може од денот да искористат што повеќе.

Директорите како Индира Ноји која работи во Pepsi и Џек Дорси кој работи во Twitter, сонот честопати го жртвуваат за да можат да сработат што повеќе и плус да имаат време за својот приватен живот.

Џек Дорси е основач на Twitter и CEO на компанијата Square. Тој рече дека во 2011 година работел 8 до 10 часа во компанијата Square, а 8 до 10 часа на Twitter, заради тоа му преостанувало за спиење 4 до 6 саати. И покрај сето тоа тој станувал секој ден во 5:30 за да оди на трчање.

Серџио Марчионе, CEO на Fiat, ноќе спие само четири часа, а рече дека буден го одржува кофеинот и цигарите.

Мариса Мајер, CEO на Yahoo, работела и по 130 часа неделно, при што не и останувало многу време за спиење. Таа вели дека и се доволно шест часа сон дневно и една недела одмор на секои четири месеци.

Хелена Морисеј, CEO на Newton Investment Management, тврди дека станува во пет часот наутро а понекогаш и порано и веднаш започнува со пуштање маилови, додека нејзините деца сеуште спијат. Со фамилијата се гледа на вечерата во 19:30, но после тоа повторно се фрла на работа. Вели дека често и се случува да спие само два саати дневно.

Стив Рејмонд, бивши CEO на PepsiCo, раскажува дека се буди во пет часот наутро кога оди на трчање, а спие пет до шест часа дневно.

Том Форд, модниот дизајнер вели дека неговиот успех не се крие во талентот туку во работната енергија. Тој тврди дека му е доволно да спие само три часа дневно.

Тим Армстронг, CEO на AOL, се буди во пет часот наутро и работи до седум часот навечер. Вели дека се труди да спие шест часа дневно, но често се случува да спие многу помалце од тоа.

Стенли МекКристал, бившиот американски генерал, јаде само еден оброк дневно и спие само четири часа дневно.

Барак Обама, претседател на САД за Venity Fair го открил неговиот необичен распоред. На спиење оди околу 1 часот по полноќ, а се буди во 7 наутро, што значи ноќе спие само шест час. А кога ќе се појави некоја криза која итно треба да се реши спие и помалку.

Бил Клинтон, поранешниот амеркинаски претседател, за време додека ја извршувал функцијата претседател спиел пет до шест часа.

Доналд Трамп, претседател на The Trump Organization, тврди дека неговиот успех се должи на тоа што не му треба многу сон. Тој спие три до четири часа.

На славниот иноватор Томас Едисон му биле потребни само три или четири часа дневно.

Бенџамин Франклин во својата автобиографија го објавил својот типичен дневен распоред од кој јасно се гледа дека спиел се на се пет часа. На спиење одел во 23 часот а се будел во четири наутро.

Во биографијата на Никола Тесла стои дека ноќе спиел само два часа, а познато е дека на Маргарет Тачер и биле потребни само четири часа сон.

Но, кај скратувањето на сонот треба да се има на ум дека уморот може да има влијание на работата која ја извршуваме, исто како и големото количество алкохол. Иако раното будење може да биде корисно, водете сметка да спиете доволно – препорачливо е да се спие шест до осум часа дневно.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone