Бидете вистински маж на Instagram

By on September 7, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Кога Instagram е во прашање, имате две опции: или премногу често објавувате фотографии од пијалоци, оброци и девојки и многу брзо станувате досаден, или пак објавувате многу ретко што ве прави празен корисник на оваа социјална мрежа.

Бидете вистински маж на Instagram

Научете како да се однесувате на Instagram како вистински маж со помош на нашите совети.

Имаш Instagram веќе некои време, но не го користиш доволно. Можеби мислиш дека е премногу „женски спорт“, дека сите фотографираат се што ќе има падне во око, но сепак ги следиш овие трикови бидејќи долго време не си бил активен. Си објавил фотографија од вино, иако не сакаш вино, а тоа ти донело неколку следбеници повеќе.

Таа слика е една од вкупно десетте објавени во текот на една година, а луѓето кои те заследиле веројатно дури сега гледаат дека имаш Instagram. Добар почеток, но што понатаму?

Исто е како и на другите социјални мрежи, на кои си можеби значително поактивен. Постои вистинскиот-ти и Insta-ти. Instagram-ти може да биде личност која живее на кафе, се дружи со своите стапала потопувајќи ги во разни базени повеќе отколку што ги користи за да стигне на работа. Никогаш не јаде брза храна, туку само егзотична од разни луксузни ресторани, неговите пријатели се секогаш во неговиот стан со чаша добар пијалок, наздравувајќи насмеани. Меѓутоа, ако ова си Insta-ти, запрашај се дали би ти било срам ако тој излезе од твојот смартфон и стане вистинскиот-ти наместо тебе?

Имено, повеќето луѓе самите себе си ствараат илузија на луксузен живот и имаат право на тоа бидејќи таквиот живот тешко го стекнале. Но, во крајна линија, не би требало да дозволите вашиот фиктивен живот да ве надвладее. Не треба многу размислување при користењето на Instagram. Опуштете се, уживајте, имате слобода да овековечите се што ве интересира, па дури и секој ден да го фотографирате погледот од истиот прозорец.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone