7 начини да го покажеш најдоброто од себе во канцеларија

By on March 17, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Како да си помогнеш на кариерата во 7 различни ситуации:

7 начини да го покажеш најдоброто од себе во канцеларија

1. На интервју – покажи дека можеш да решаваш проблеми

Се разбира дека квалификациите и искуството се важни. Но, во денешните кризни времиња работодавците се повеќе бараат луѓе способни да се справат со проблемите. Ако успееш за време на интервјуто да покажеш дека тешкотиите не те плашат, туку те мотивираат да ги надминеш, тоа ќе го додаде на дипломите она малку нешто што фали за да добиеш позитивен одговор.

2. Како менаџер – почитувај го достоинството на тимот

Основно правило во дипломатијата е дека ако сакаш од некого да направи нешто или да го промени своето однесување, треба да му понудиш елегантен и достоен начин да го стори тоа. Ако патот кон исполнување на задачата е понижувачки, ти изгледаш како тиранин. Ако сепак понудиш пат по кој подредените го прават токму она што го сакате од нив, без да го жртвуваат нивното достоинство, веќе си менаџер. Ова особено важи во случаи кога некој од тимот треба да си ја поправи грешката.

3. Како колега – биди забавен

Чувството за хумор те прави посакуван соговорник, а да си сакан во канцеларијата никогаш не е излишно. Но внимавај – прилагодувај ги шегите со публиката. Ако мислиш дека погруба шега, покомплексен збор или поделикатна тема нема да им одговара на слушателите, измисли нешто по безопасно.

4. Како вработен – не доцни

Тоа е навика која може многу да ти наштети на кариерата. За да престанеш да доцниш, пробај да се разбудиш барем 15 минути порано од вообичаеното. Кога ќе откриеш колку полесно станува сè, кога не брзаш, ќе оцениш дека жртвувањето на четвртина час спиење вреди.

5. На службени забави – изгледај добро на фотографиите

Не се оддалечувај од објективот, придвижи ја главата напред и малку наведни ја брадата. Биди природен и фокусирај го погледот.

6. По забавата – сокриј ги лошите фотографии

Ако некој ставил слика на Фејсбук, на која изгледаш ужасно, тргни го тагот и сетирај во менито кој може да ги гледа твоите слики. Така истовремено остануваш љубезен и не дозволуваш секој да гледа како танцуваш со откопчан шлиц или со паднати чорапи.

7. По паузата за ручек – биди свеж

Ако кафето не ти помогне да ја надминеш желбата за дремка во два попладне, пробај ментол бонбон или гума за џвакање. Така не само што ќе се чувствуваш освежен, но и ќе изгледаш така. Сепак никој не сака полузаспани колеги и вработени кои очигледно едвај чекаат да дојде време за да си одат дома.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone