5 знаци дека работата за која аплициравте не е добра

By on March 18, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Иако кога барате работа најважно ви е да ве примат, сепак важно е и таа работа да биде добра. Секако дека сите имаме различни критериуми за тоа што претставува добра работа, но ова се некои од знаците дека треба да бидете внимателни.

5 знаци дека работата за која аплициравте не е добра

1. На интервјуто ви поставуваат чудни прашања

Доколку на интервјуто ви поставуваат чудни прашања или користат недоличен речник, тоа е показател за стилот на управување и однесување во таа фирма. Исто така обрнете внимание на односот кон вас, дали личноста со која додека го водите разговорот одговара на е-пошта, прави муабет на телефон или чита туѓи биографии.

2. Никој од вработените не ви изгледа задоволен што работи таму

Не можете да верувате секому, но ако генералниот став и мислење дека во таа фирма вработените се незадоволни и често напуштаат, бидете внимателни.

3. Слушате лоши работи за вработените и фирмата

Ако негативните муабети и трачеви изгледуваат надвор од фирмата и стануваат јавни, значи сигурно нешто не е во ред. Исто така бидете внимателни ако на интервјуто саркастично го коментираат статусот на фирмата и вработените, бидејќи секоја шала е пола вистина. Или пак доколку поставите прашање поврзано со фирмата а тие веднаш ја сменат темата.

4. Вашата работа нема точен назив и опис што вклучува

Ако не знаат да ви кажат што всушност опфаќа вашата работа, бидете внимателни. Таквите ситуации често водат до пренатрупаност со работа. Самиот назив на работното место не е универзален, затоа треба да прашате кои се обврските и должностите за да не дојде до поголеми проблеми. Проблем е и ако не знаат кога точно почнувате со работа.

5. Предосеќате дека нешто не е во ред

Ако интуицијата ви кажува дека тоа не е работното место за вас, добро размислете. Веројатно потсвесно сте приметиле некои ситници на кои свесно не сте ставиле акцент.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone