3 модни совети од кошаркарот Крис Бош

By on October 13, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Послушајте ги советите на познатиот кошаркар Крис Бош…

3 модни совети од кошаркарот Крис Бош

Иако е еден од најплатените кошаркари во НБА лигата, Крис Бош реши да се проба и во модниот свет, па неоддамна во соработка со Armstrong&Wilson направи сопствена колекција на вратоврски и лептир машни и ја нарече Mr Nice Tie.

Ова се неговите три клучни совети за совршен стајлинг.

Вистинскиот кројач

Чстопати ви се случува оделото да не ви стои совршено и слеано како што посакувате. Затоа најдобро е да го најдете вистинскиот кројач, во кој ќе имате потполна доверба, некој кој внимателно ќе ги слуша вашите барања и кај кого повторно би се вратиле ако имате потреба. Вистинскиот кројач ќе ви биде од помош кога ќе имате потреба од скратување на ракавите, ногавиците, а може да ви дава и корисни модни совети.

Вистинската вратоврска

Бојата, големината и обликот мора совршено да прилегаат на целосниот стајлинг. Започнете со вратоврската чија боја треба да биде во склоп со доминантната боја на вашата кошула или одело.

Исто така, ширината на вратоврската треба да се поклопува со ширината на реверот.

Секогаш облекувајте се како некој да ве гледа

Без разлика дали одите на пијалок со друштвото или пак во кино со девојката, трудете се секогаш да изгледате најдобро. Некогаш изборот на облека е многу едноставен. Важно е да одберете само еден детал кој сакате да го покажете и ќе се чувствувате многу сигурно и убаво, па дури и ако носите обична маица.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone