16 пијалоци погодни за секаква ситуација

By on January 7, 2015
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Што да се напиете ако ве боли грлото или желудникот? А, што ако сакате да добиете енергија или пак сакате побргу да заспиете?

16 пијалоци погодни за секаква ситуација

Ви претставуваме 16 пијалоци погодни за секаква ситуација…

Млеко за мускулите

Млекото е одличен пијалок за после тренинг бидејќи содржи протеини кои го стимулираат растот и силата на мускулите. Најдобро е да изберете свежо и полномасно млеко, а исто дејство, но со многу помалку калории има и сурутката.

Зелен чај и сок од цитрон за слабеење

Овие два пијалока имаат неверојатно дејство врз забрзувањето на метаболизмот, а исто така го стимулираат и исфрлањето на токсините од организмот. Најдобро е да се напиете сон од цитрон или шолја зелен чај наутро, пред доручек.

16 пијалоци погодни за секаква ситуација

Какао за заздравување

При тежок физички напор, болест или чувство на истоштеност добро е да се напиете какао или чоколадно млеко. Тоа е одлично во вакви ситуации поради поволното количество на јаглени хидрати и протеини, кои на телото му даваат енергија.

Пиво за подобра циркулација

За ладните и болни нозе во текот на зимските месеци добро е да пиете по 2,5дл пиво на ден. Тоа помага за опуштање на крвните садови, но не треба да претерате со конзумирање.

16 пијалоци погодни за секаква ситуација

Сок од вишни пред трчање

При подолготрајно трчање доаѓа до умор во мускулите поради недостатокот на електролити. Кај оние кои интензивно тренираат најчест избор се енергетските пијалоци, но исто дејство има и домашниот сок од вишни, а освен тоа го подобрува и заздравувањето на мускулите од напорен тренинг.

Чај од ѓумбир за желудникот

Ѓумбирот е одличен лек за смирување на тешкотиите, а добар е и за цревната флора, па се препорачува при желудочни вируси.

Чај од куркума за болно грло

За болки во грлото важно е да се пијат многу течности, бидејќи сувото грло предизвикува уште посилна болка.Чајот од куркума е одличен народен лек, кој го штити грлото и го намалува чувството на гребање и пецкање.

Кокосово млеко за рани во устата

За афти, изгореници или рани во усната шуплина вистинската помош доаѓа во облик на кокосово млеко. Овој делотворен пијалок делува и како аналгетик и сојузник во борбата против габична инфекција.

16 пијалоци погодни за секаква ситуација

Алое вера за подобро варење

Пијалоци кои содржат алое вера се решението за здрав дигестивен систем. Можете да мешате алое вера во прав со вода и на тој начин да ја конзумирате.

Јогурт за имунитет

Бактериите кои ги соджи јогуртот го прават неверојатно здрав пијалок и одличен сојузник на имунитетот. Делува врз уништување на габичките, ги намалува воспаленијата и штити од инфекции.

Камилица за добар сон

Чајот од камилица е народен, но проверен лек за полесно заспивање. Важно е да се конзумира без шеќер, мед или засладувачи бидејќи може да има спротивен ефект и да го разбуди организмот.

16 пијалоци погодни за секаква ситуација

Лимонада за повеќе енергија

Витаминот Ц во лимонот е природен додаток за зголемување на екергијата во телото и треба да се пие веднаш откако ќе се исцеди. Иако се препорачува за време на настинка, експертите истакнуваат дека тогаш веќе е касно за лимон. Тие советуваат да се пие превентивно за зајакнување на имунитетот.

Smoothie од банана за мамурлак

Пиењето алкохол предизвикува дехидрација и губиток на витамини и минерали. За да се воспостави рамнотежа во организмот добро е да се пие вода, но уште подобро е да се напиете smoothie од банана која е богата со витамин Б и калиум.

Вода за непријатен здив

За појавата на непријатен здив најголем виновник е дехидрираноста која поттикнува размножување на бактериите во устата. Другите пијалоци може да ја влошат ситуацијата со нарушување на природното ph ниво, истакнуваат експертите.

Вода со сода бикарбона за надуеност

За проблеми со болки во стомакот, надуеност и гасови првата помош е сода бикарбона. Размешајте ¼ лажичка сода бикарбона со 2дл вода.

Сок од кисели краставички за грч во мускулите

Иако не е највкусниот пијалок, течноста од киселите краставички помага во намалување на болните грчеви во мускулите. Помага во излачување на водата од организмот и ја чисти крвта од премногуте киселини.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone