10 инстант совети за атрактивни мажи

By on November 13, 2014
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone

Станете атрактивен маж со помош на следните совети…

10 инстант совети за атрактивни мажи

Кондурите да сјаат

Бидете фенси и секогаш носете чисти, изгланцани кондури. Така ќе изгледате попрефинето.

Џемпер и кошула

За да изгледате попрофесионално, не заборавајте јаката од кошулата да ја носите под џемперот.

Никако кондури и бели чорапи

Бели чорапи и црни, елегантни кондури можеа да му бидат опростени само на Мајкл Џексон, но на вас сигурно не. Подобро е да не облечете никакви чорапи, отколку бели.

Облеката за теретана е само за во теретана

Правило: облеката која ја носите во теретана додека вежбате, не треба да биде дел од вашата секојдневна облека.

Облеката совршено да ви одговара

Не купувајте ни премногу мала, ни премногу голема облека, туку исклучиво парчиња облека кои совршено ви одговараат, бидејќи само така ќе го постигнете посакуваниот ефект.

Редовна грижа за ноктите

Долгите нокти не се ин. Сечете и турпирајте ги редовно. Убавите и негувани нокти се пресудни како кај жените, така и кај мажите.

Отстранете ги влакната во ушите

Можеби ви е тешко да ги видете, но верувајте дека секој ќе ги примети, па затоа обрнете внимание. А, не заборавајте ги и оние во носот.

Бричењето не мора да биде првата работа што ја правите откако ќе се разбудите

Дајте и време на вашата кожа да се разбуди. Почекајте 10-15 минути, па потоа почнте со утринското разубавување и бричење.

Кратки движења

Кога се бричете користете кратки движења во насока на растот на влакната, никако спротивно.

Држење на телото

Згрбавеното држење на телото остава впечаток дека не водите добра грижа за себе. Исправете се и одразете ја вашата самодоверба и сексапил.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on TumblrEmail this to someone